РАМО ДО РАМО ВО БУТЕЛ И АРАЧИНОВО : СО СДСМ ДРЖАВАТА ОДИ НАПРЕД

0
491

Како дел од теренските активности „Рамо до рамо до победа“ денеска во Арачиново беа претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски заедно со Кирил Парталов.

Со граѓаните разговараа за мерките и политиките на СДСМ за успешното справување со последиците од кризата, како и за европската иднината на земјата.

-СДСМ го слуша гласот на народот и на дело покажува што значи вистинска грижа за сите. Со СДСМ државата оди напред и се развива. Реализиравме најголем пакет антикризни мерки од 760 милиони евра, ги заштитиме граѓаните и им помогнавме на компаниите полесно да се справат со последиците од кризата. СДСМ ја зголеми минималната плата на 20.175 денари, а пензиите ги покачи за рекордни 8,4 отсто, истакна Кичевски.

Членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше рамо до рамо со граѓаните на општина Бутел.

-СДСМ ги зголеми платите во сите сектори, предвреме го исполнивме ветувањето за просечна плата над 34.000 денари. Во полицијата исто така се зголемени платите за над 3.000 денари во бруто износ. Истовремено имаме намалената стапка за криминалитет оваа 2023 година во споредба со минатата година. Тоа е влог на СДСМ и институциите коишто ги предводи во интерес на граѓаните, посочи Спасовски.