БАЈРАМСКА ПОРАКА ОД РЕИСОТ ФЕТАИ : ЦЕЛИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ВЕРНИКОТ ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ ВО НЕГУВАЊЕ НА МИРОТ И БЛАГОСТОСТОЈБАТА МЕЃУ ЛУЃЕТО

0
556

Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на оптимизмот над очајот, порача во своја празнична порака претседател на Исламската заедница во Македонија реис ул улема Шаќир еф. Фетаи.

Тој се обрати на крајот од месецот на постот на кој се придржуваа исламските верници.

-Се разделуваме од нашиот драг и благословен гостин, убедени дека со најголема посветеност го извршивме основниот услов на Исламот, постот на неговите денови, што провејува голема радост, со кој бевме сведоци на нашата висока свест и посветеност дека нашата поврзаност со Алах е длабока послушност во нашите срца, нашите мисли и во нашиот секојдневен живот, во согласност со зборовите на Семилостивиот Алах кога вели: „За да бидете побожни”, нагласи Фетаи.

Првиот човек на ИВЗ порача дека жедта и гладот за време на постот ја зајакнале грижата за човекот.

-Ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност. Да се биде достоен припадник на Исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе… Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско, нагласи Фетаи.

Тој одаде дека најголем предизвик денес е војната, она што се движи низ светот од една земја во друга земја.

-Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за Исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел, и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот. и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат. Според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, нагласи претседателот на ИВЗ.