МИЦКОСКИ : СИТЕ ОНИЕ ДИРЕКТОРЧИЊА СО НАРЕДБОДАВАЧИ ОД СДСМ И ДУИ КОИ ГО ПЉАЧКААТ РЕК БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ, КАКО ИДЕН ПРЕМИЕР ЛИЧНО ЌЕ СЕ ПОЗАНИМАВАМ СО НИВ

0
531
  • До оние директорчиња којшто одлучија да им слугуваат на малкумина политичарчиња којшто се сега дел од раководството на СДСМ!

    Дека ќе одговараат, од прв до последен за ова што го прават. Ако мислат дека ќе ги наполнат куферите и ќе избегаат, јас им ветувам дека лично ќе се занимавам со нив каде и да избегаат.

    Ќе нема точка каде ќе се скријаат. Затоа мојата порака до оние директориња и нивните наредбодавачи ситните политичарчиња од СДСМ и ДУИ, е да се вразумат, да ги откажат овие набавки, да се обидат уште овие 3 иполовина месеци додека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ не ја формира владата, пристојно и достоинствено да го водат рударско енергетскиот комбинат Битола.

    Потоа да има период на транзиција и мирно да се повлечат без дополнително да ги пљачкаат граѓаните на Македонија и да ја уништуваат Македонија мислејќи дека тоа ќе помине неказнето.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.