ЕК: Денот на изборите се ближи, партиите денеска да постигнат договор

0
1111
120410
Европската комисија жали за тоа што покрај постигнатиот напредок во работната група, партиите се уште не беа во можност да ги финализираат изборните реформи.
„Ги повикуваме лидерите на четирите партии денеска да постигнат договор. Денот на изборите се ближи. Од тука изборниот законик треба да биде усвоен што е можно побрзо и неговата имплементација треба да почне во пресрет на изборите во Април“, изјави за 24 Вести портпаролката на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Маја Коцијанчиќ.