РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА ВО СТРУМИЦА И КОНЧЕ : ПЕНЗИИТЕ НА 330.000 ПЕНЗИОНЕРИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ЗА РЕКОРДНИ 8,4 ОТСТО

0
488

Караванот теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ денеска е во југоисточниот регион.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Јована Тренчевска заедно со Марко Ѓорѓиевски денеска рамо до рамо застанаа со граѓаните на Струмица.

– Претходниот месец имавме рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери. Со новата методологија пензиите растат секој март и септември па со следното зголемување во септември оваа година, за само една и пол година пензиите ќе пораснат за вкупно 25 отсто. Покрај пензионерите, СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа и за ранливите категории граѓани, порача Тренчевски пред граѓаните на Струмица.

Во општина Конче членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски и портпаролката Богданка Кузеска пред граѓаните порачаа дека Владата и надлежните институции предводени од СДСМ успешно се справија со сите предизвици од глобалната економска и енергетска криза, дека цените на основните производи сега се со намалени цени, додека поддршката кон земјоделците е навремена и неселективна со цел што повеќе да се зголеми домашното производство на храна.

– Во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година, државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците. Заедно со земјоделците креиравме и нов модел за субвенционирање, со којшто, меѓу другото, ги насочуваме земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите во државата. Со овој модел, за прв пат започнавме и аванса, предвремена исплата на дел од субвенциите, за земјоделците да ги имаат парите во оној момент која им се најпотребни, рече Бачовски.

Портпаролката на СДСМ, Кузеска, потенцираше дека со антикризните мерки СДСМ успешно се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

– Реализиравме антикризен пакет од 760 милијарди евра, најголем во регионот. Обезбедивме субвенционирана цена на струја за граѓаните во висина од 80% од сметките, субвенционирана цена на струја за малите бизниси и за најзагрозените. Го заштитивме стандардот на граѓаните и со мерки за намалување на цените на производите, рече Кузеска на маалска средба во Конче.