БОМБА НА ЦЕНТАРЊУЗ : ДИРЕКТОРОТ НА МРТВ ЦВЕТКОВСКИ ГО РАСПРОДАВА ЛУКСУЗНИОТ ИМОТ!!!

0
3842

Најкотроверзниот извршен директор на МРТ, Марјан Цветковски директорот на МТВ Марјан Цветковски е човек од најголема доверба на Никола Груевски и важи за еден од главните лица за медиумите во ВМРО-ДПМНЕ. Исто така Цветковски е еден од главните алки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и телевизијата НОВА на осомничениот бегалец Сеад Кочан.

Тој е човекот кој формира ТВ НОВА и контролор на финансиите на фамилијата во ТВ НОВА. Името на директорот на МТВ Марјан Цветковски е партнер на неколку фирми во Македонија и странство, а исто така и сопственик на милионски имоти во Македонија и странство.

Цветковски поседувал луксузна куќа во првиот ред до морето во познатото туристичко место Никити на вториот крак во Грција, но поседува и имот во Америка. Моментално дел од неговиот имот во Македонија е на продажба, но затоа своето богатство го сели во Грција.

Ако се земе во предвид дека до пред само неколку години живееле во скромна куќичка на периферијата на Скопје, а сега е сопственик на неколку куќи во Трнодол,  Жданец и Водно, од кој дел е на продажба (ЛИНК) Сепак според обемните информации би требало за работата на директорот Марјан Цветковски да се позанимава и СЈО!

Истиот директор секојдневно сее страв, паника и револт кај вработените во Јавниот сервис МРТВ. Секојдневно се присутни притисоци и закани дека нема да добиваат плата доколку се избере нова Влада.
„Ни велат, дека веќе плата никогаш нема да видиме доколку падне актуелната власт и дојде друга формирана од опозициј
ата. За МТВ ни раскажуваат најцрни сценарија, но најмногу не револтира тоа што не пребројуваат и тераат да одиме масовно на протестите на „За заедничка Македонија. Наши вработени се во првите редови, а некои и говорат на протестите“, вели вработен во МТВ.
Оние кои се послушни и одат на протестите се ослободени од обврските, а од другите бараат редовност и исполнување на норми.
Вработен во МТВ посочува дека активни учесници на протестите се и носители на надворешни проекти на Јавниот сервис.
Извор : CentarNews