ГОЛЕМО БРАВО ЗА ДИМИТРОВ И МНР: Заглавените македонски граѓани во Словенија стигнаа во земјава, доаѓаат од Италија и Германија

0
1212

МНР организираше репатријација на 69 македонски граѓани: 42 од Словенија и 27 од Турција.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово (четврток, 26 март 2020 г.) организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја,  со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.