РАМО ДО РАМО ВО ГОСТИВАР, БРВЕНИЦА И ЖЕЛИНО : ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ ЗА 8,4 ОТСТО А СЛЕДУВА И НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ВО СЕПТЕМВРИ

0
530

Пратеникот на СДСМ Драгољуб Филиповски заедно со Борис Тунџев денеска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ беше меѓу граѓаните на општина Гостивар.

– СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи успеа, заедно со пензионерите да создаде нова методологија на раст на пензиите за сите 330.000 пензионери. Само овој март пезнијата ја заголемивме за 8.4 отсто. Веќе во септември согласно методологијата ќе следува ново зголемување на пензиите. Тоа значи дека само една и пол година од март 2022 до септември 2023 година пензиите на сите 330.000 пензионери ќе се зголемат за вкупно 25 отсто. Дополнитеоно, четири месеци пензионерите со најниски пензии добиваа дополнителна финансиска помош. За оние кои не исполнуваа услови, воведовме државна социјална пензија, а истовремено трајно го решивме проблемот со стечајните работници. Тоа е почитување кон пензионерите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која со години оваа категорија граѓани ги манипулираше и потценуваше, порача пратеникот Филиповски.

Во општина Желино со граѓаните се сретнаа претседателот на Комисијата за земјоделство, Трајан Димковски и Мухамед Точи каде се разговараше за политики на СДСМ во земјоделството, но и во рамномерниот регионален развој со цел поттикнување на развојот на руралните средини.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Никица Бачовски и пратеничката Фаница Николовска беа меѓу граѓаните на општина Брвеница.

– Преку навремени и ефикасни мерки и политики целосно го трансформиравме системот на финансиска помош за земјоделците и за првпат воведовме авансна исплата на субвенциите. Во месец февруари само во една недела исплативме 17 милиони евра кон над 40.000 земјоделци, а дополнително обезбедуваме и неповратна финансиска поддршка во висина до 10.000 евра на мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло. Тоа е нашиот одговор кон последиците од светската економска криза и кон унапредување на земјоделството, порача Бачовски.