ОД ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КРАВАРИ ГАЗДАТА И ВРАБОТЕНИ ИЗНЕЛЕ ДВЕ ВРЕЌИ МАРИХУАНА

0
569

Управителот и фабриката се пријавени бидејќи при контрола биле констатирани низа неправилности во поглед на производството, одгледувањето и складирањето на медицинскиот канабисот. Сопственикот и двајца вработени, пак, добија кривични бидејќи биле фатени дека изнеле две вреќи марихуана

Фабрика за производство на масло за канабис со седиште во битолското село Кравари, управителот, сопственикот и двајца вработени добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи поради сомнение дека сакале нелегално да продаваат марихуана.

Управителот и фабриката се за кривично дело поради прекршување на Законот за контрола на опојни други и психотропни супстанции.

Пријавите следуваат откако на 30 март криминалистичката полиција во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите за простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, извршиле претрес во фабриката во Кравари и биле констатирани низа неправилности во поглед на производството, одгледувањето и складирањето на канабисот.

Сопственикот, кој е од Албанија, а бил со привремен престој во Битола, како и двајца битолчани, пак, добија кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори бидејќи биле фатени како изнеле две вреќи марихуана.

„На 30.03.2023 тројцата (сопственикот и двајцата вработени) организирале и изнеле две вреќи со 4 килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. (сопственикот), ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. (вработени во фабриката) ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници“,соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека на еден од битолчаните судија на претходна постапка му одредил и притвор.