(ВИДЕО) Бочварски: Подготвивме закон за заштита и зголемување на зелените површини

0
1051

Прес конференција
Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ
Скопје, 18.02.2017

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Тука сме на овој простор што беше парк, но стана бетон, за да порачаме дека ова никогаш повеќе нема да се случува со зелените површини ниту во Скопје, ниту во другите делови на Македонија. Нема да има повеќе згради во паркови и зелени површини!

Веќе имаме подготвено закон за заштита на зеленилото и за зголемување на процентот на зеленилото во градовите. Веднаш по формирањето на новото парламентарно мнозинство ќе го пуштиме во собраниска процедура на усвојување.

Површините планирани во Генерален урбанистички план и во Детален урбанистички план, со намена зеленило, спорт и рекреација нема да може да се пренаменуваат во што било друго!

Во градежните парцели наменети за станбени куќи и станбени згради процентот на зеленило ќе го зголемиме од 30 проценти, на минимум 40 проценти. На сметка на тоа ќе биде намален процентот кој е предвиден за градење во парцела, од 70 проценти на максимум 60 проценти.

Ова се дел од одредбите од законот со којшто ќе ги заштитиме зеленилата како клучен фактор за заштита на здравјето на граѓаните.

Во Македонија досега се правеа урбанистички планови за бизнис интереси на криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ, без да се води грижа за хуманото живеење. Исекоа многу паркови. Уништија многу зелени површини за непотребни градби, што немаат никаков приднес за развој на градовите. На тој начин е нарушена циркулацијата на воздухот. Тоа е и една од причините зошто Скопје е во првите три најзагадени градови градови во Европа, а на врвот по зададување на воздухот се и Тетово и Битола.

Во периодот што доаѓа сите граѓани ќе ги почувствуваат промените што ги избраа и што веќе се случуваат во нашата држава.