РАМАДАНИ МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА ВИДИНОСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА КАНАЛ 5

0
680
По инцидентот во текот на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 во средата, каде во дијалогот меѓу гостинот Исмет Рамадани и водителот Александар Видиновски се вклучи во студио и директорот на телевизијата Иван Мирчевски и побара извинување од Рамадани, по што ја прекина емисијата, новинарот денеска во  „Стадион“ на Канал 77 објасни што се случувало по прекинот на емисијата.

– Со Рамадани останаваме половина час насамо во нашата тнр. „црвена соба“ и разговаравме за се’ што се случи. Нормално, бев нападнат, бев навреден и ми објасни после зошто. И покрај тоа што гледам дека тоа сега многу малку е тема на дискусија и мене тоа лично ме погоди. Затоа што мислам дека времето кога се жигосуваа, кога се етикетираа новинари, е завршено, е позади нас. Со Исмет Рамадани разговаравме детално, се заврши добро муабетот и на излегување тој мене лично ми се извини. Да објаснам – ми се извини затоа што тој мене практично ме направи албанофоб – кажа Видиновски.