ОД ЕКОНОМСКИ И ПРАКТИЧЕН АСПЕКТ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ПОДОБРО ДА ИМА СПОЕН ИЗБОРЕН ЦИКЛУС, ВЕЛИ НИКОЛОСКИ

0
281

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“, во однос на математиките на власта за изборите истакна дека државниот интерес е да се одржат споени избори, претседателски и парламентарни заедно за да не се трошат буџетски средства и да не се закочи државата на подолг период.

„Мислам дека не се работи за политичка математика се работи за реалност ако одиме што на нас би ни одговарало, политички нас ни одговараат раздвоени избори од проста причина што ќе победиме убедливо на претседателските избори и после тоа СДСМ ќе се доведе до ситуација да не можат по 20 луѓе да најдат за да ги стават на пратенички листи затоа што ќе е извесно каков драматичен пораз ќе им се случи на парламентарни избори.

Така што ако гледаме од тесно партиски интерес нас повеќе ни одговара да се изборите раздвоени. Но мораме да го гледаме и другиот а тоа е државниот интерес затоа што ние пред се се занимаваме со јавна работа“, истакна Николоски.