КОВАЧЕВСКИ : ФРОНТЕКС ДОГОВОРОТ НА ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, БЕЗ ДОДАВКИ И ЗВЕЗДИЧКИ

0
444

Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија, на чист македонски јазик, без додавки и ѕвездички, напиша вечерва на Фејсбук македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

-ФРОНТЕКС, е првиот од многуте договори со Европската Унија кој ќе се потпише на македонски јазик, како рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, со овој договор но и со преведувањето на целокупното европско законодавство добива исклучително важна потврда. Државните, националните интереси и интересите на граѓаните се во фокусот на оваа Влада и никогаш нема да отстапиме од нив, порача премиерот