РАДМИЛА ЈА СПРЕМА АРМ ЗА ВО НАТО: Повисоки плати, нови униформи, ново оружје…

0
1453

Го образложив предлог буџетот за одбраната за 2018, зголемен за околу 15%. Се работи за буџет кој најавува радикална промена на ставот кон одбраната – континуирано вложување во стандардот, условите и опременоста кое ќе продолжи се до исполнувањето на обврската за издвојување на 2% од БДП, според НАТО стандардот. Зголемувањето на буџетот е уште еден начин да покажеме дека сме многу сериозни во грижата кон Армијата и во одлучноста што поскоро да станеме земја членка на НАТО. Со исполнувањето на оваа стратешка цел ќе станеме подрачје кое гарантира сигурност на инвестициите и забрзан економски раст. Убедена сум дека граѓаните ги поддржуваат овие мерки бидејќи ја ценат својата Армија на која сите се потпираме во најтешките моменти.

Фејсбук статус на министерката за Одбрана, Радмила Шеќеринска