ТРИЧКО МУ ГО РАСПЛАКА МАЈЧЕТО НА ГЕРО АЛЦХАЈМЕРО : Не знам кој се ќе биде затворен во аферата “рекет”, но знам дека прва е затворена кариерата на еден поранешен новинар и уредник!

0
1889

Ла верита и Кур се пита

Не знам кој се ќе биде затворен во аферата “рекет”, но знам дека прва е затворена кариерата на еден поранешен новинар и уредник.

Можеби ќе појде да се избричи и да се истушира, да порача ново одело и муцката да му се врзе со сиво чаршавче, не знам, но знам дека веќе стигна да се измоча врз сопствениот гроб и сега чека згоден момент да се лизне во вечното почивалиште во Алејата на промашените животи, на Новинарските гробишта во Скопјанг.
Имам чувство дека полека му се бистри сликата и тој разбира дека информациите не му се давани за да се обиде да го прочисти кабинетот на Заев, како што денеска ги претставува работите, туку за да го компромитира премиерот и власта, не во функција на простата смена, туку како важен пробив на непријателот во специјалната војна против Македонија.

Неговата езоповштина како и овие снимки, ја рајцаа Македонија и ја навлажнија до степен што тотално раскравената женска ја прими најновата пенетрацијата на чипираните идиоти, со сета своја оргазмичка одвратност.

Никој, се разбира, не може да знае со какви се материјали располагаат разноразните тајни и сиви служби и инсталации, но ако во следните епизоди ќе гледаме вакво ниво на забава, кое не би нашло место ниту на 103 канал на РАИ, впрочем, затоа е пронајдена опскурната “Ла Верита”, мала платформа на антиевропските наци популисти, тогаш ќе биде јасно дека, злосторничкото здружение на вмро-дпмне ќе го претрпи и вториот и веројатно решавачки пораз со помош на неовластеното прислушкување и приснимување.

Интересно е што и во двата случаи самата инсталација се јавува како автор на снимањата и прислушувањето, само што првите бомби ги објави Заев, а вторите ги објави човекот за чија професионална смрт известуваме на почетокот на овој текст.

Во битката за Македонија, Ла Верита и Кур се пита се џамчиња во мозаикот на таа војна во која колегата успеа да умре на страната на непријателот.
Тоа е

Смрт на веритата-слобода во правдата!

Боки тредичи

Нема ништо поодвратно од криминал без стил. Освен, можеби, криминалот кој се обидува да се стилизира како имитација на недостижните идеали од филмското или рекламно платно. А најодвратнен е кога се прави со идеја која е над самиот криминал. Кога криминалот има политичка агенда.
Боки тредичи е пандишпан испечен од смеша во која се турени сто грама боратовштина, триста грама монтипајтонство, три лажици ванилаајсштина, еден прстофат црногујовштина. Ингредиенси просеани низ таканареченото медиумско сито и печени на 220 степени во рерната на локалната малограѓанштина.
Ми доаѓа да помислам дека актерите во “рекет” не се фатени од некоја скриена камера, туку дека и скриената камера е лажна, односно дека сите играат во една документарна и играна приказна истовремено.

Тредичи оди на примопредавање на парите не како притаена, стопена во околината фигура, туку маскиран во тип по кој и на одење и на враќање се свртуваат сите погледи и во чија чанта секој ќе намириса многу пари. Никој не се плаши од камерите на Камчев, обратно, парадираат како на генерална проба за некој филм. Боки тредичи ми е како Мики Рурк во најнадуаната фаза, а Орце ми личи на Мајкл Пења или на Кристофер Вокен во некои изданија. Нападно е избегнат кадарот кој би покажал кој ги брои парите, а кој ги чека, но ги има актерите како излегуваат од една врата со чанта слична или идентична на онаа во која, во претходниот кадар, беа парите. Сомнителен е спксокот на апоените, со пенкалце, на обичен лист хартија, ко дека на овој што ги зема му е важна точноста на паричната селекција, а не седнува тоа да го провери на лице место.

Но, да не одииме предалеку во претпоставките, независно од основаноста што ја пружаат достапните материјали. Нека да се задржиме на доминантната верзија за “трговијата со влијание”.
Ги имаме двајцата главни актери во притвор, третиот се регистрирал како сведок соработник, свиркач, или као веќе се вика таа позиција пред судот, но после објавувањето на оваа снимка мислам дека тешко ќе може да остане на слобода, а истовремено да се задржи интегритетот на целиот процес и ја имаме Катица, која мора да се стави или да ја стават на располагање на Јавното обвинителство, со цел да се утврди вистината за нејзиниот статус во аферата. Има ли реално влијание во размената за парите или е тоа само симболично ниво што е извлечено од смимките и тонски и фотографски. Тој статус во правна смисла и во оваа фаза останува нејасен и покрај сите напори на снимателите и режисерите и безмалку сите медиуми, како што во општествена смисла е јасно дека е комплетно уништен, независно од крајниот исход на аферата. Во што нејзината одговорност е несомнена.

Јас очекувам дека веднаш по одморите случајот ќе влезе во приоритетна процедура и во обвинителството и во судот.
Најавата на нови, реални или монтирани или играни снимки, е најава не на борба против криминалот, туку најава на борба на криминалот против Македонија. Но, тоа е тема која бара посебна анализа и коментар.

Бранко Тричковски