БРАВО ЗА БОРЧЕ : Општина Гази Баба се грижи за лицата од ранливите категории, целосно обновен домот на Борјанка Пешевска

0
1218

Од куќа која беше тотално запуштена, без вода и тоалет, со ѕидови кои долги години не биле варосани, Борјанка Пешевска, која живее сама во населеното место Гоце Делчев, доби сосема нов дом.

Откако градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски слушна за состојбата во која се наоѓа Борјанка, која има и лоша здравствена состојба веднаш ја посети и по разговорот со неа, одма пристапи кон реновирање на нејзината куќа. Заедно со компаниите и соседите кои несебично помагаа, домот на Борјанка доби сосема нов лик.

Борјанка доби и еднократна парична помош во висина од 50.000 денари од Општина Гази Баба.

Додека траеше обновата на нејзиниот дом, таа беше сместена во студентскиот дом “Томе Стефановски – Сениќ”.

При денешната посета, Борјанка се заблагодари за тоа што општина Гази Баба и градоначалникот Георгиевски ги исполнија сите нејзини барања. Градоначалникот Георгиевски посочи дека среќен што уште еден случај доби среќен епилог.

  • Горд сум што ја гледам среќна Борјанка, повеќе никогаш нема да биде заборавена ниту сама затоа што јас и општина Гази Баба секогаш сме тука за неа, но и за сите граѓани на кои сме потребни за да им помогнеме колку можеме за да имаат нормални услови за живот. Сакам да порачам дека институциите и државата мора да водат сметка за лицата од ранливите категории, да се создаде систем кој ќе води евиденција за нивната состојба, рече Георгиевски.

Георгиевски вети дека ќе направи се што може за Борјанка да добие соодветен здравствен третман со цел што поскоро да оздрави како и дека ќе се заложи таа да биде ослободена од плаќање на струја бидејќи спаѓа во ранлива категорија на граѓани.

Општина Гази Баба и во иднина ќе помага на секој граѓанин на кој што му е потребна помош, во рамките на надлежностите, затоа што сите заслужуваат нормални услови за живот.