ПЕНОВ : И ВМРО-ДПМНЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРЕСПАНСКИ, КОЛКУ ВЕЧЕРИ ГРАДОНАЧАЛНИК БЛИЗОК ДО МИЦКОСКИ ПОМИНА ВО ПРЕМИЕРСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА?

0
304
Лидерот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, Ристо Пенов во емисијата „Стадион“ на Канал 77 негираше дека ВМРО ДПМНЕ не било прашано за уставните промени, но и за други големи државни прашања.

-Тие не биле консултирани? Не е точно! Цело време се консултирани. Да кажувам колку вечери во резиденцијата на премиерот градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, близок до лидерот има поминато за овие прашања. Колку состаноци Александар Николовски со Фатмир Бесими на финансиски теми имал преговори?! Преговори – ако ги разбираш јас одбивам и ти одбиваш, тоа не се преговори. Информирани се за проблемите, тие на сакат да влезат. И како во секој проблем и овој проблем (со Бугарија) е скроен со наше учество, колку што Рамковниот договор беше скроен со наше учество. Но, не’ почитуваат што ни даваат на важност дека сме и ние учесници, изјави Пенов.

Според него, со одбивањето на ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи уставните промени, сами си направивме блокада и штета, а сега тврдат дека тоа на друг начин ќе го направат.
-Тоа се флоскули, изгубено време. Јас такво време сум изгубил 20 години. Во 2003 државниот секретар на САД, Колин Пауел дојде и потроши 5-10 минути тогаш со градоначалникот на Скопје и лидер на ЛДП. Тој вели: „Што правите со името?“ Па, ние немаме проблем, Грците имаат проблем. Ама тој вели: „Бугарија оди напред, ќе влезе во ЕУ, ќе имате проблеми“. Па што па таму ќе проблеми би имале?! Ние поим немаме каде живееме, поим немаме за геостратегија. Во 2003 година! Како што сега одат кај лидерот на ВМРО, кај опозициските партии… пренесуваат пораки, ги разбираме или не, до тебе е, до нас било, рече Пенов.

Зборувајќи за промената на името, Пенов вели дека требало уште многу порано тоа да се направи.

-Можам да им се извинувам на граѓаните додека сум бил политички ангажиран, до 2011 година. Јас името го бранев, да се извинам тоа што го бранев името. Тоа требало да се реши, поинаку не може. Не можеме сами да создадеме вредности од кои ќе живееме. Храна немаме! Така мислевме дека времето работи за нас. Тоа е многу погрешна теза. Ќе се испразни овој простор, рече Пенов.