(ВИДЕО) Крвнички претепан претседателот на ОО СДСМ-Центар Саша Богдановиќ

0
1376

Sasa-Bogdanovik-540x307

Саша Богдановиќ, претседателот на Општинската организација на СДСМ-Центар и директор на ЈП Паркинзи Центар, синоќа пред својот дом е нападнат и претепан .

Нападот се случил кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил пред зградата во која што живее. Напаѓачите кои биле со црни маски, почнале да го удираат со метални цевки нанесувајќи му тешки повреди. Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен и е задржан на лекување во Ургентниот центар.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ukgw2LnffG4[/youtube]

„Случајно, на местото на инцидентот се затекнал еден совесен полицаец кој брзо и професионално реагирал и успеал да приведе еден од напаѓачите. Бараме МВР, а не ВМРО-МВРО, веднаш да каже кој е сторителот кој е приведен од совесниот полицаец. Дали е тоа извесен Младен Додевски? Дали вториот напаѓач кој побегнал е Никола Митревски-Кољо? Овие двајца неодамна беа пуштени од затвор. Митревски заедно со Александар Василевски-Нинџа одлежа затворска казна од само една година за пукање во шест лица. Бараме МВР официјално веднаш да каже кој е вториот насилник и по чија нарачка е извршен нападот. Според нашите информации, станува збор за дел од лицата кои секојдневно се уфрлуваат на протестите против власта за да испоровоцираат насилство. Целта на оваа група е да предизвика немири за да се обесхрабрат граѓаните гласно да го искажат својот став кон Никола Груевски“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Портпаролот на СДСМ беше дециден дека ниту на насилниците, ниту на Груевски ова сценарио нема да им успее.

„Револтот кај граѓаните се повеќе расте. Како што не успеаја црните сценарија на Милошевиќ и на Чаушеску, така и во Македонија ништо не може да ги спречи граѓаните да се изборат за слобода и демократија. Апелираме граѓаните да не подлегнуваат на провокациите од страна на власта и нејзините насилници и решително, мирно и достоинството да го искажат револтот против криминалната власт на Никола Груевски“, рече Шилегов.