ПРОТЕСТ ПРЕД ТВ ПИНК, СЕ СКАНДИРАШЕ „РОБИЈА“ ЗА ЖЕЉКО МИТРОВИЌ

0
981

Заврши деветтиот протест на Србија против насилството во Белград. Започна нешто пред 18 часот и 30 минути, а по говорите пред српското Собрание колоната се упати кон ТВ Пинк, каде граѓаните извикуваа „робија“, „Вучиќ, оди си“ и на мирен начин протестираа.Знамето што Пинк го постави врз зградата, послужи како проектор на кој се емитуваше видео „Кој го уби Оливер Ивановиќ“. Лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Ивановиќ беше убиен само неколку месеци по емитувањето на видеото за него на оваа телевизија.

Зградата на телевизијата Пинк беше покриена и со слики од Андреа Бојаниќ, која со автомобил беше убиена од Александар Митровиќ, синот на сопственикот на телевизија „Пинк“ Жељко Митровиќ.Малку по 21:10 часот пратеникот Александар Јовановиќ ја повика толпата мирно да се разотиде.Дојде до мала вербална пресметка со обезбедувањето на Пинк, а организаторите им порачаа на луѓето да не наседнуваат на провокации и мирно да се разотидат.Протести денеска се одржаа и во Краљево, Зрењанин, Крагуевац, Лесковац, Шабац, Јагодина и други градови… Во Ниш беше одложено поради дожд.