ВО ХРВАТСКА МАЖ СО КАЛАШНИКОВ УБИ ЕДНО ЛИЦЕ, РАНИ НЕКОЛКУ ЛИЦА И ЗАПАЛИ ТРИ ОБЈЕКТИ

0
641

Едно лице загина, а неколку се повредени во престрелката што се случила вечерва нешто по 20 часот во Сисак, Хрватска, а потрагата по сторителот е во тек, потврди полицијата. Во тек е и гаснењето на пожарот на три објекти поврзани со тој настан, односно кои ги подметнал напаѓачот.

Однесените во болница имаат прострелни рани во главата, стомакот, рацете и нозете. Итната помош потврдила дека едно лице починало. Меѓу осумте превезени во болница нема деца. Жителите на Сисак се загрижени, велат дека се плашат бидејќи напаѓачот е во бегство.„Ова е страшно, блокот е под опсада, не знаеме што се случува. Низ градот има многу полиција“, велат мештаните за „24сата“. Медиумите јавуваат, повикувајќи се на сведоци, дека маж пукал од „калашников“.