ФУРКАН САЛИУ : ЗОШТО ДРЖАВАТА ДОЗВОЛУВА ЖИТЕЛИТЕ НА ВИЗБЕГОВО ДА СЕ ТЕРОРИЗИРААТ СЕКОЈА ВЕЧЕР, ЦЕЛО ЛЕТО?

0
882
Ова што се случува во #Визбегово е слика на тоа што се случува сегде во државата…Тотално #беззаконие.

Во 00:30 огномети ти пукаат пред прозор.

Деца плачат, постари луѓе не можат да спијат.

Иако е регулирано со закон колку децибели може да биде музиката во објекти кои не се тврди градби, ечи од сите страни.

Зошто државата дозволува жителите на Визбегово да се тероризираат секоја вечер, цело лето? Изгледа некој добива процент од секоја свадба.
Фејсбук статус на новинарот Фуркан Салиу, главен и одговорен уредник на ,,Клан ТВ”.