ПРИ СПАСУВАЊЕТО НА ЗАГЛАВЕНИТЕ ПЛАНИНАРИ НА ТИТОВ ВРВ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН И КОМАНДИРОТ ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДИНИЦА НА МВР

0
430

Планинарите се изгуле на Титов Врв вчера попладне, по што едниот паднал од карпа во провалија. (Фото: ЦУК) Двајца планинари кои во текот на вчерашниот се водеа како исчезнати во реонот на Титов Врв на Шар Планина се пронајдени. Едниот планинар починал при пад од карпа, а додека вториот е пронајден тешко повреден. При акцијата за спасување организирана од Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи, која се одвивала вчера попладне, тешко бил повреден и командирот на специјалните единици на МВР.

„Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв. Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека командирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и е упатен во Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сé уште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури“, соопштуваат од ЦУК. Пред малку официјално e идентификувано починато лице. Станува збор за С.Ф. (28) од Белгија.

Вчера попладне на бројот 112 во ЦУК добиле повик од еден од планинарите дека тој и неговиот другар во реонот на Титов Врв се загубиле и дека на едниот од нив му се слошило при што побарале итна евакуација. Малку подоцна едниот планинар повторно се јавил и рекол дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знаел во каква состојба е, а исто така кажал дека и тој е повреден.

„Веднаш по добиената информација, ЦУК, преку Дежурниот оперативен центар РЦУК Тетово, стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка кои со едно теренско возило и со човек од ЦУК од Регионалниот центар во Тетово, а во придружба на двајца полицајци од СВР Тетово, се упатуваат кон Титов Врв. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната единица на Тетово од каде што на помош се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило. Истовремено, со Брзата помош е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го преземат повредениот“, известуваат од ЦУК за текот на акцијата за спасување. Двајцата планинари кои настрадаа се од Кичевскиот Регион.