ГРУБИ : 50 ГОДИНИ ОД УНИФИЦИРАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

0
400

Тирана, 10 ноември – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес учествуваше на јубилејната Конференција во чест на 50-годишнината од Конгресот на правописот на албанскиот јазик што се одржа во Тирана, Р.Албанија во организација на Академијата на науките на Албанија и Академијата на науките и уметностите на Косово.

„Унифицирањето на албанскиот јазик беше од витално значење за Албанците од Северна Македонија бидејќи беше воспоставен како општ стандард за употреба што важеше и за нас. Би рекол дека албанскиот јазик е важен во две димензии: првата, е културната и духовната димензија, бидејќи овој јазик активно го зборуваат над 30% од населението, а втората димензија, е општествено-политичката бидејќи албанскиот јазик е официјален  на локално и на централно ниво. Со последните измени на Законот за употреба на јазиците, албанскиот јазик се стави во целосна официјална употреба на сите нивоа, вклучувајки го Претседателството, Собранието и  Владата”, истакна Груби.

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани академици, дами и господа, Посебно задоволство е да се учествува на една ваква јубилејна Конференција за унифицирање на нашиот јазик. Унифицирањето на албанскиот јазик беше од витално значење за Албанците од Северна Македонија, бидејќи беше воспоставен како општ стандард за употреба што важеше и за нас. На ова поле сигурно повеќе ќе зборуваат ценетите експерти кои се тука со нас.

Сакам да искажам неколку зборови од аспект на официјалната употреба на нашиот мајчин јазик во Северна Македонија. Кај нас, би рекол дека албанскиот јазик е важен во две димензии: првата, културната и духовната димензија, бидејќи овој јазик активно го зборуваат повеќе од 30% од населението, а втората, е општествено-политичката, бидејќи албанскиот јазик е официјален на локално и на централно ниво.

Во јавните институции почнувајќи од градинките, основните и средните училишта, продолжувајќи до три универзитети, од кои два државни и еден јавно-приватен, како и во некои од приватните универзитети кои нудат настава на албански јазик. Со последните измени на Законот за употреба на јазиците, албанскиот јазик е ставен во целосна официјална употреба на сите нивоа, вклучувајќи го  Претседателството, Собранието и Владата.

Националната радио и телевизија емитува 24 часовна програма само на албански јазик, а  нашиот јазик се користи и во документите за лична идентификација, изборните процеси, судската власт и сл. Формиравме и институции кои се грижат за спроведување на албанскиот јазик како што се : Агенцијата за спроведување на јазикот, Државниот јазичен инспекторат и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Северна Македонија.

Имаме среќа затоа што имаме една посебност од сите други албански територии, почнувајќи од Призренската лига, Битолскиот конгрес се до независноста на Валона. На овој начин, Северна Македонија се става на мапата на трите најважни национални историски настани.

Сакам да нагласам дека во Битола формиравме национална установа, Музејот на азбуката, која се финансира од државниот буџет. Кај нас 22 ноември е државен празник на кој ја доделуваме државната награда  “Битолски конгрес”. На крајот сакам да му се заблагодарам на претседателот Бегај и на Академијата за организирањето на овој многу важен настан и да Ви посакам лесна и успешна работа!