ПРИ АКЦИЈА ВО РАКОНВЦЕ, КУМАНОВО ПОДНЕСЕНА Е КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПЕТ ЛИЦА ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ

0
204

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик, така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле девет фалсификувани банкноти во апоени од по 100 еврa.

-Во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите пет лица им е определен 30 дневен притвор, се наведува во соопштението од МВР.