Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат вкупно 2 460 000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.
На туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30 750 денари како една антикризна мерка од шестиот пакет.