“Апсолутно е неточно тврдењето кај дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина Синовак не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина” – реагираше Министерството за здравство.
“Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални информации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на тешка форма на болеста” – вели МЗ.
Согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50% во првата студија и 83% во втората студија.