ПРИВЕДЕНИ КРАДЦИ ОД ТЕТОВО, ФАТЕНИ НА ДЕЛО, ПРЕТРЕС ВО ШТИП, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР

0
524

Приведени крадци во Тетово, фатени на дело

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (13 јуни) околу 4 часот и 15 минути, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер На 13.06.2023 во 23.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(18) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,  против него ќе биде поднесена соодветна пријава.