МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ И ПИЛОТОТ ДЕЈАН САЗДОВ ГО УПРАВУВАА АВИОНОТ КАДЕ СО ПОСЕБЕН ЛЕТ ПРИСТИГНА БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ОД ЕРУСАЛИМ ВО СКОПЈЕ ЗА МПЦ ОА

0
2246

Синоќа еден час пред Христовото воскресение односно околу 23:00 часот на Аеродоромот Петровец благодарение на контактите на Епископот Партениј благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија.

Спортскиот авион на Аеро клубот Скопје со кој беше донесен благодатниот оган беше управуван од пилотите Миле Зечевиќ и Дејан Саздов кој го превзедоа благодатниот оган кој потоа се пренесе до Епархиите на МПЦ ОА.

Министерството за одбрана и надворешни работи учествуваа во протоколарните подготовки, а горивото за летање на спортското летало беше приватна донација. Добивањето на благодарниот оган од Ерусалим со кој се прошири веста за Христовото воскресение е голем настан за православниот свет во кој повторно се вклучи МПЦ Охридска Архиспоскопија благодарение на лобирањето на епископот Партениј, пилотите Зечевиќ и Саздов, благословот од ГПЦ и подршката во организацијата на министерствата за одбрана и надворешни работи.