Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски: Нема да го потпишам избирачкиот список ако остане макар и еден спорен гласач!

0
1001

ДИК го усвои извештајот за досегашните теренски проверки во избирачкиот список. Членовите на Државната изборна комисија имаат спротивставени ставови во однос на тоа дали ќе се стигне навреме да се направи пречистувањето за да има избори на 5 јуни, објави Телма.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека нема да го потпише избирачкиот список ако остане макар и еден спорен гласач.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дебатираа за процесот на прочистување на Избирачкиот список, што е еден од условите за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Членовите предложени од владејачките партии со став дека до 20 мај, кога би требало да биде заклучен Избирачкиот список пред изборите, ќе биде реален, додека за членовите од СДСМ прочистувањето е на почеток.