ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ МОЖНИ ОТКАЗИ ЗА МЕНАЏМЕНТОТ : УШТЕ ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА ГИ ПОВИКАВ ТРОЈЦАТА ДИРЕКТОРИ ОД М-НАВ ДА ДОЈДАТ И ДА РЕФЕРИРААТ НА СЕДНИЦАТА НА ВЛАДА, РЕЧЕКО ВАЧЕВСКИ

0
562

Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада, рече Ковачевски одговарајќи на прашањето што ќе преземе Владата по последните случувања со конкурсот на контролори на летање во МНАВ, на отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје. Нагласи дека од тоа што директорите ќе го кажат на Влада ќе зависат следните чекори што ќе се преземат.

Раководството на М-НАВ АД Скопје вчера го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција и даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) кој изрази сомнеж дека има планови за поништување на огласот бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери, најави дека ќе бара одговорност за случувања со кои сметаат дека се нарушил кредибилитетот на нивната професија.

Од УО на М-НАВ вчера во соопштени наведоа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.