(ВИДЕО) Жестока кавга помеѓу студентите , се бара прекин на претстојните студентски избори на СПУКМ поради страв за нелегитимни студентски избори

0
1044

Screenshot_2Претставници на Студентскиот Пленум со барање за прекин на изборот за нов претседател на Студентскиот Парламент во рака, денеска упаднаа во неговите простории барајќи одговори од актуелниот претседател Кирил Спироски и Изборната комисија околу законитоста на целата постапка, пренесува „Нова“.

Пленумци тврдат дека повикот за кандидати за претседател на Студентскиот Парламент е објавен минатиот петок, односно на 10. јуни и тоа не на сите матични факултети, а рокот за пријавување е до 19. јуни, до кога заинтересираните кандидати треба да соберат најмалку 3 000 студентски потписи.

Со тоа, велат Пленумци, скртен е рокот и можноста за информирање на заинтересираните кандидати и e повредено правото на учество.

-Кирил Спировски распишал избори на 10. јуни, со рок за одржување на 30. јуни. Во овој академски календар за учебната година, одобрен од Сенатот, вели дека втората испитна сесија се одржува од 15. мај до 15. јуни. Универзитетот повторно се реактивира на 15. август со третата испитна сесија. Значи дека Кирил  Спировски со неговиот нелегален Парламент се обидува на 30. јуни да фалсификува студентски избори, се со цел да стекне легалност и легитимитет на студентските претставници за да може да се избере ректор, изјави претставничката на Студентскиот Пленум Ивана Туфегџиќ.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ