ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ УТРОВО СЕ СРЕТНА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР КОЈ МУ ГО ВРАЧИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
850

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме. 🇲🇰🇪🇺

Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство.

ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството.

Извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот.

Линк до извештајот:
ℹ️ https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/north-macedonia-report-2021_en

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.