ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА ВЛАСИТЕ: И ПОНАТАМУ ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ ЗАТОА ШТО ТОА ЗНАЧИ НАПРЕДОК ЗА ЗЕМЈАТА НА СЕКОЈ ПЛАН

0
798

За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина.

Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел.

Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Северна Македонија продолжува напред по демократскиот и европскиот пат.

Со почит, Скопје, 20.10.2021 година
Претседател на ДСВМ
Николче Бабовски