ВО НЕДЕЛА НА 29 ОКТОМВРИ ДОАЃА ШЕФИЦАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

0
381

Според нив, најавата за посетата на Македонија и агендата на Фон дер Лајен ќе биде објавена овој петок на официјална страна на Европската Комисија.Денеска премиерот Ковачевски не го кажа датумот на посетата, но најави дека евроинтегративниот пат на земјава ќе биде една од клучните теми на разговор.

– Јас ви најавив прв дека ќе има посета на претседателката на Европската комисија, меѓутоа оставив тие да ја најават посетата, бидејќи секогаш гостинот го најавува точниот тајминг. Може да поразговараме за скрининг процесот, за инвестициите кои што Европската Унија ги прави во нашата земја, но секако една од клучните теми е продолжувањето на нашиот евроинтеграциски пат. Бидејќи ние сме држава која што е најдобра во регионот, сигурно дека ЕУ, којашто веќе го отпочна процесот за свое реформирање, со оглед на тоа дека ќе има прием на нови членки, сака да ја види земјата и во своите редови, бидејќи оној којшто е најдобар треба и прв да влезе – кажа Ковачевски.Урсула Фон дер Лајен последен пат ја посети земјава минатата година, непосредно пред гласањето на преговарачката рамка со ЕУ.