НЕОФИЦИЈАЛНО : ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОСТАВИЛЕ МИРКА ВЕЛИНОВСКА ЗА ШЕФ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ, ПЛУС И ДАЛЕ ПРИСТАП ДО ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ЏОНИ ВОКЕР, ЗАТОА ОВИЕ ДВА ДЕНА ФРЧАТ СООПШТЕНИЈА СО ВУЛГАРЕН РЕЧНИК

0
1014

Од редакциите на ,,Народен Глас” и ,,Мактел” неофицијално дознаваме дека како дел од бојкотот и револуцијата за враќање на власт, ВМРО ДПМНЕ решиле да ја постават Мирка Велиновска за шеф на центарот за комуникации. Значи заклучиле дека Наум Стоилковски не бил доволно гнасен, што е навистина чудо и немање на осет за мерка.

Мирка се појавила со кутија виски Џони Вокер и машина за куцање со лепенка НИП Нова Македонија 1987-ма, марка Олимпија. Жената не знаела да користи компјутер па морале да прекуцуваат на тастатура она што таа го штракала на машина за пишување.

Првиот ден почнал добро но како почнало да дејствува вискито почнаа да фрчат навреди, вчера Џафери го пратија во Бардовци на лечење, денеска премиерот Ковачевски го нарекоа будала.

Од редакциите на ,,Народен Глас” и ,,Мактел” неофицијално дознаваме дека и ја одзеле машината за куцање кога почнала да ја навредува Мери Брнз, ја нарекла империјалистичка глобалистичка дип стејт фукара, па така Вмровците ги фатило паника дека нема да дојдат на власт наредните 100 години и ја молеле да ја напушти партиската зграда, го викнале Миленко да ја убедува, им ветиле дека ќе им дадат еден сандак кубански пури и еден сандак виски само да ги снема од седиштето, драмата е во тек, ќе известуваме во текот на денот.