ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОД НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА СОВРЕМЕН БИТ – ПАЗАР : ВЛАДАТА ГИ ПОДДРЖУВА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ КОИ ГИ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ГРАЃАНИТЕ

0
864

Реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата, место каде може да се најде „сé на едно место“, беше истакнато на денешниот настан по повод отворањето на новата инвестиција во износ од 250 милиони денари на Скопски пазар АД – Скопје.

Премиерот Зоран Заев во своето воведно обраќање истакна дека Владата ги поддржува капиталните инвестиции, кои имаат трајна вредност и ги подобруваат условите за работа на граѓаните.