ПРЕМИЕРОТ ГО ОСУДИ ИСТУРАЊЕТО БОЈА ВРЗ ГЕРО – Заев : Го осудувам чинот на истурање боја врз Героски, тоа е закана и загрозување на неговата слобода

0
1142

Премиерот Зоран Заев реагираше на вчерашниот инцидент во кој Љупчо Палевски го потури со боја Геро.

„Слободното однесување не смее да загрозува ничива туѓа слобода.

Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија – новинар.

Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат.

За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Претходно беше објавен видео-материјал од негова изјава во САД, каде што чинот на истурање на боја врз Героски, премиерот го оцени како показ на слободата во Македонија.

На ова реагираше Героски на својот Фејсбук профил со барање за извинување. По Фејсбук статусот на Заев, Героски му се заблагодари за исправката на изјавата.