Денеска остварив состанок со претставници на EuropeAid, со цел запознавање со ИПА проектот „Реорганизација на државната управа“, кој треба да резултира со поддршка на реформите во МВР.
Претставниците на проектот – главниот експерт за државна реорганизација Александрс Антоновс и тим лидерот Слаѓана Тасева, после спроведената хоризонталната функционална анализа на сите институции, ги презентираа своите наоди и видувања за планот за имплементација на оваа реформа.