Алсат-М: Дисциплинска против тројца полицајци за бегството на уапсен од кумановската група

0
1016

9245

МВР покрена дисциплинска постапка против тројца службеници за бегството на еден од уапсените од кумановската група, кој им побегна на полицајците кога на терен покажувал каде е скриено украденото оружје од Гошинце, објави телевизијата Алсат – М.

Станува збор за извесен Сулејман Османи, кој во меѓувреме даваше изјави за медиумите на Косово.