ВМРО-ДПМНЕ : ФУРКАН САЛИУ САМ СИ ПРИЗНА ДЕКА НОСЕЛ ПИШТОЛ И ДЕКА ПРИДОНЕЛ ЗА ЕСКАЛАЦИЈА НА НАСТАНИТЕ, ЗОШТО СЕГА СДС НЕ МИСЛИ ДЕКА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЕЦ НЕ Е НАПАД ВРЗ ДРЖАВАТА?

0
72

Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“.

Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата?

Што е различно во овој случај?

Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните.

Зошто СДС е засегната партија во овој случај?

Дали СДС заговара непочитување на законите?

Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС.

Македонија според „Економист“ е хибриден режим се уште, со загрозени права и слободи.

Ова е она на што треба СДС да се посвети.

Промените доаѓаат. Тоа значи дека народот ќе си ја земе контролата во свои раце. Македонија повторно горда, значи Македонија повторно твоја.