ГЕРО Е ГЛАВНАТА КАРИКА : ЕВЕ ЈА ШЕМАТА ПО КОЈА ВМРО ДПМНЕ КРЕИРА И ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ПОД ДИРИГЕНТНАТА ПАЛКА НА МАРТИН ПРОТУЃЕР И ИВО КОТЕСКИ!

0
2048

Формулата е многу проста и оди вака:

1. Некој од медиумите задолжени за КРЕАЦИЈА на лажни вести ќе се појават со некаква ЛАЖНА АФЕРА, ќе измислат нечие сведочење, нешто РЕКЛА КАЗАЛА, некој човек со брада од вамо тамо со куфери пари дрн дрн јариња… Но тие медиумите се со многу низок рејтинг во јавноста, исто и нивните уредници, па самите по себе не се доволни за да напарават бура во јавноста, но како такви се идеални пошто се КАМИКАЗИ спремни и да бидат тужени и затворени како медиуми, значи они се ЖРТВЕНОТО ЈАГНЕ кое ја носи бомбата со голи раце без грижа дали ќе им пукне во рака.

2. Тука доаѓа на помош најновата АКВИЗИЦИЈА на мафијата и ВМРО ДПМНЕ, Бранко Геровски кој на овие лажни вести им дава криља преку својот голем и силен портал ПЛУСИНФО, им дава публицитет и малку кредибилитет затоа што јавноста сеуште не е свесна за патосот и тресокот кој го направи Геро овие месеци па сеуште има малку кредибилитет за цедење како во полу исцеден лимон со малце мувла на него…

Ако ВМРО ДПМНЕ направи прес поради сторија на Ацо Инфомакс сите ќе им се смеат, затоа е тука Геро да се постави како бафер кој ја презел сторијата и ја малку дошминкал со нови рекла казала сомнежи, па сега ВМРО ДПМНЕ прави прес за сторија на Плусинфо, портал направен со пари од Сорос Фондација а не со пари од Будимпешта…

3. Е тука веќе се активира ВМРО ДПМНЕ кој ја презема темата и прави едно 10 прес конференции повикувајќи се ДЕКА ТАМУ НЕКОИ МЕДИУМИ ОТКРИЛЕ ГОЛЕМА АФЕРА, зошто молчи ОЈО, зошто молчи ВЛАДАТА, ќе види СДСМ, кога ќе дојдеме ќе апсиме…

4. Но и ова не е доволно. Сега на помош се активираат партиските ботови на социјалните мрежи а пак на партиската телевизија АЛФА се прават едно 10 емисии со гости куртон експерти и тук там по некој преставник на СДСМ ради украс.

5. Како финален ТАЧ, како цреша на тортата наречена КРЕАЦИЈА И ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ се активира Трендо кој на ОФф Нет прави вицеви на темата, Јанко Бурек вика некој гостин да ја држи темата во јавност, по можност лично Геро пошо само он е спремен да оди до крај и се смета од ВМРО ДПМНЕ за многу убиствен затоа што до вчера беше во кампот на СДСМ и како таков има особено пробојна моќ во ширењето на лажната вест, а ако се работи за голема операција може на помош да урипа и Снежана Лупевска со емисија КОД на темата…

И ова после 1-2 недели оди пак од почеток и така со месеци и месеци се додека не се дојде на власт.

Режисер и диригент на овие операции се Мартин Протуѓер кој е вратен во ВМРО ДПМНЕ а му асистира Иво Котески.

Целта на овие ЦИКЛУСИ, освен намалување на рејтингот на Зоран Заев, неговите најблиски соработници во СДСМ е и оцрнување на видни новинари, аналитичари и експерти кои се сметаат за закана за ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт, па редовно се атакуваат и интелектуалци и новинари, како во актуелниов случај кога се нападнати Фрчковски и Ордановски.

Во последен момент од оваа карика испаднаа Васко Ефтов и Миленко Неделковски. Се чини тие се сметаат за проблем кај Албанските партии, премногу се АНТИ АЛБАНСКИ настроени па ВМРО ДПМНЕ во обид да се додвори до Албанците малку се дистанцира од овие двајца силни медиски трубадури со голема фан база и моќ да рашират лажна вест мнгоу бргу у кај многу широк круг на луѓе.

Иако оваа машина е првенствено наменета за креација и ширење на лажни вести, таа се користи и за други намени и потреби со цел да се извади максимум корист од неа. Па така, оваа машина е многу добра за ОМАЛОВАЖУВАЊЕ на големи успеси на владата, САБОТАЖА на важни настани преку операција ДЕФОКУС, пренагласување на ситни грешки кои се креваат на ниво на национална ХИСТЕРИЈА итн итн итн…

Пример, доаѓа во посета Ангела Меркел, вика дека владата работи ТОП, оваа машинерија се фокусира на некоја ситница и од тоа прави невидена ХИСТЕРИЈА со што успехот се засенува и цела нација се фокусира на тоа што некој војник се сопнал за време на пречекот и се акнал со главата од некоја бандера. Оваа машина погоре на шемата ДЕЛУВА МАЕСТРАЛНО во такви настани, како подмачкана синхронизирана ПР машина која меле маестралмно и ствара невидена бука и галама во корит на ВМРО ДПМНЕ преку ДЕФОКУС, САБОТАЖА, ОМАЛОВАЖУВАЊЕ на успех и постигнување…