ПРАТЕНИЦИТЕ КОЛЕ ЧАРАКИЕВ ОД СДСМ И ЗДРАВКО ТРАЈАНОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗАЕДНО СЕ ДРУЖЕА СО ГРАЃАНИТЕ ОД РАДОВИШ

0
421

Парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“ денес беше во Радовиш на мое огромно задоволство.

Група на граѓани и ученици од повеќе Општински основни училишта од Општина Радовиш имаа можност да се запознаат со работата на Собранието, да се стекнат со дополнителни знаења за историјата на парламентаризмот, каква е постапката и процесот при донесување закони, политичката контрола врз извршната власт но и други аспекти од надлежноста на Паралментот како законодавен дом.

Граѓаните, исто така имаа можност да разговараат со пратениците Коле Чаракиев од СДСМ и Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ како представници во Собранието од регионот на Општина Радовиш и Општина Конче, да ги споделат своите размислувања на значајни општествени теми.

Посебна благодарност до ООУ и заинтерсираните граѓани кој изразија голем интерес и поставија многу интересни прашања кој бараат да бидат одговорени или да се решат од соодветните надлежни институции. Посебна благодарност до NDI и регионална ТВ Кобра