(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЧЕКАШЕ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ШАТОРИ ДА НАМЕСТАТ ЗА ДА СВИКААТ ПРЕГОВОРИ : Средношколците му тупнаа шатори за 24-часовно кампување на Грујо и на Адеми спроти министерството за образование!

0
1232

Средношколците од Средношколскиот пленум утрово поставија камп во Паркот на новинарите, спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука“, во знак на револт од игнорантскиот однос кон нивните барања. Тие велат дека четвртата недела од бојкотот ја продолжуваат со 24-часовно кампување пред МОН, со што ги радикализираат протестите.

11156808_747287958722424_1809758794_n-540x324

Во меѓувреме бојкотот во дел од училиштата продолжува, велат од Пленумот и ги повикуваат по завршувањето на часови сите средношколци да им се приклучат на кампот пред МОН и да ја дадат потребната поддршка.
Средношколците бараат враќање на стариот концепт на државната матура, како и ставање на Законот за екстерното тестирање во мирување.
11180203_747288015389085_1645281647_n-540x324 11186443_747288385389048_1601471424_n-540x304 116-540x340 11186445_747288072055746_44499126_n-540x324Фото : МОФ