ДА СЕ ВАКЦИНИРАМЕ МАСОВНО ЗА ДА НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ НАЕСЕН, ФИЛИПЧЕ: НЕ МОЖЕМЕ ПОСТОЈАНО ДА ФУНКЦИОНИРАМЕ ЗАТВОРЕНИ, ЖИВОТОТ МОРА ДА ТЕЧЕ

0
181

“Вакцинацијата не е задолжителна, но во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функцинира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за да се врати животот во нормала” – рече министерот за здравство, Венко Филипче.

“Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антивакцинална кампања. Исто како што се соочивме пред 2 години кога беше актуелна пандемијата со морбили. Меѓутоа тогаш како инструмент ја имавме на располагање вакцинацијата и веднаш интервениравме и се сузби епидемијата, за нецели 6 месеци значајно се зголеми опфатот на вакцинација. Тогаш воведовме забрана децата да се примаат невакцинирани во градинки и во училишта” – изјави министерот Филипче.