ПО ПОВОД 3-ТИ ЈУНИ ДОКТОРОТ СЕ ПОФАЛИ СО НОВАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА НОВИОТ БУЛЕВАР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

0
993

По повод 3 Јуни, Светскиот ден на велосипедот, дозволете уште еднаш да ги искажам моите заложби и заложбите на Општина Прилеп, за развој на велосипедската култура во нашата заедница.

Да потсетам дека во насока на обезбедување на подобра инфраструктура за користење на велосипедите, при реконструкцијата на делот од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Прилепски бранители“, изградивме целосно нови и безбедни велосипедски патеки.

Дека грижата за животната средина стои високо на нашата агенда, говори и тоа дека втора година по ред Општина Прилеп обезбедува субвенции, односно надомест на дел од трошоците на граѓаните за набавка на нови велосипеди, мерка која наиде на голем интерес меѓу граѓаните на Прилеп.

Употребата на велосипедот, покрај тоа што има позитивен ефект на здравјето на сите оние кои го користат, носи и значајни придобивки за животната средина. Колку повеќе го користиме велосипедот како превозно средство, толку повеќе се намалува употребата на моторните возила и фосилните горива, со што се подобрува квалитетот на воздухот кој сите го дишеме. Важноста од чистата животна средина и здрави животни навики, особено дојде до израз за време на пандемијата на коронавирусот.

Да возиме велосипеди, да се грижиме за нашето здравје и за животната средина.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп,  Илија Јованоски.