ПОЧНУВА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА КОРИДОРИТЕ ВО СОБРАНИЕ

0
409

Петте предлог закони на кои Владата во петокот им стави европско знаменце, а кои се потребни за исполнување на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д, се доставени во Собранието и денеска треба да бидат ставени на дневен ред пред пратениците.Од нив, еден предлог е измената на законот за работното време, кој претходно се соочи со блокада од опозицијата.

Предлогот на Владата, кој го поднесе министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, предвидува зголемување на часовната работна недела со цел изградбата на автопатите да оди согласно планот. Се очекува предлозите денеска да бидат разгледувани од пратениците.