ШОКАНТНО : МАЈКА И ЌЕРКА БИЛЕ ПРЕТЕПАНИ ОД СОСЕДОТ

0
627

Мелиса Захитовиќ и нејзината мајка биле натепани во дворот од нивната куќа во скопски Петровец од страна на нивниот сосед. Тие преку социјалните мрежи посочија дека насилникот се уште е на слобода.

Сепак, набрзо потоа стигна информацијата од МВР дека насилникот е уапсен.

„Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ“, информираа од МВР.

Мелиси на социјалните мрежи објавила фотографии од повредите кои им биле нанесени, а пишуваат и дека добивале закани.

„Насилникот мене и мојата мајка физички брутално не нападна во мојот двор на 27.04.2023 г., удирајќи не со тупаници и со нозе, влечејќи не за коса и удирајќи не со стапалото в лице“.