СДСМ: Немањето елементарна култура и достоинствен израз е показател за тонењето на Груевски

0
1036

„На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ премногу им тежи криминалот, корупцијата и сите злоупотреби што ги направија во изминатите 9 години“, стои во соопштението на СДСМ, одговор на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

sdsm-1_0

„Ги чека соочување со сопствената одговорност, со правдата и со граѓаните.

Оттука е целата нервоза и некултура којашто ја манифестира ВМРО-ДПМНЕ.

Секогаш кога се фатени во криминал, на сметка на граѓаните и нивните интереси, ВМРО-ДПМНЕ реагира приземно, недолично и крајно несериозно за една политичка партија.

Немањето елементарна култура и достоинствен израз е показател за тонењето на Никола Груевски по сите основи.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.