ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ МЕЃУ САД И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА СОЗДАВАЊЕ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО ЗА БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

0
286
Почитувани,

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент.
На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на САД и Северна Македонија интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации.

Северна Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото. Претседателот на Владата изрази благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Северна Македонија во градењето цврста демократија.

Пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.