(Аудио) ШОКАНТЕН РАЗГОВОР за миленикот на Бате Саше, некој кретен и битанга УТКА – Мијалков ја строи Јанкуловска, оваа не смее да му мрдне

0
1818

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Поздрав чао ДА
СМ: Горде што е проблемот со што се јавиле а се пасивизирале дечкиве што работат во Струга
ГЈ: Абе овој идиотот Утка милион проблеми прави ОБСЕ , амбасадори се јавуваат
СМ: Кој ти се јави на тебе
ГЈ: Од ОБСЕ
СМ: Ама чекај бе он си ја врши работата што треба он да биде таму балерина
ГЈ: Ма што и да прави нека прави со усул
СМ: А што направил он?
ГЈ: Значи ја не сум го видела сваќаш он неможам да речам така е или не е така
СМ: Абе види сега он си ја изработи работата добро во Охрид, ја изработија добро работата у Велес е сега на некој е сега на некој не му се свиѓало што некој легитимирал
ГЈ: Легитимирањето не е проблем
СМ: Е што е проблем
ГЈ: Наводно два пати пријавуваат лице со таков опис како него и со него и неговиот ум мислам дека 100% е така
СМ: Што е така
ГЈ: Извадил оружје на едниот у глава пиштол му вперил сега ја ти кажувам како што таму пријавуваат не сум била до него да знам, значи што и да прават нека го прават со усул
СМ: Добро види сега вака Горде за да нема за да дојде до каша попара остави ја работата јас ќе ги командувам како што од сабајле ги командувам и не се секирај по шо се ќе биде во ред, заота што јас една визија давам од друга страна друг, сега му се јавив на Радникот и на него му го кажав тоа, пушти ја работава ја ќе одговоарам важи
ГЈ: Ја прво на него му се јавив по шо мислев он ги пратил викам малку нека се приберат
СМ: Па он ги пратил по шо Сашо Мицев така му кажал, му се јавив и на Сашо и на Радникот му се јавив има сега воспоставена координација
ГЈ: Битно е сега да има контрола тоа е најбитно
СМ: Има контрола Драган од убк ги контролира таму затоа што он зема таму
ГЈ: ДА, да го знам Драган природен човек е ама ја ти кажувам што пренесуваат странциве е сега за толку сработена работа ко шо треба на глупост да не ни стои дамка иначе нека си работат лугето
СМ: Нема да ни стои дамка ти знаеш како ми пренесоа мене
ГЈ: Како?
СМ: Се јавил Радникот рекол да се пасивизираме
ГЈ: Не бе па ти ја му се јавив на Љупчо а он веќе имаше зборено со нив значи дур стигнало до мене ова од овде
СМ: Како е јавено ако они добиле команда се пасивизират значи они се повлекуват и готово тоа несмеат , затоа ти викам за да нема грешка, ќе си има еден тим на раководење сега
ГЈ: Пред пола сат му се јавив на Љупчо и му велам Љупчо што правиш вика бев да гласам чекај да ти ја докажам работава, абе што е ова работа за Струга ми реагираат странциве ова, она викам вака и вака да не ти го прераскажувам случајот вика ми реагираа и мене му се јавив на Утка, а ја нејкам да му се јавувам на него зашо нејкам ништо со него да имам никаква допирна точка, вика ја му се јавив им реков да се повлечат викам добро кажи им да не се….
СМ: Епа јас знаев оти е тоа такво како да се повлечат, па ќе се повлечат или ќе не напнат епа затоа ти викам за да не дојде до вакви работи остај ај работата ќе ја кординирам јас ќе ја координирам до крај и не се секирај добро?
ГЈ: Штом си се јавил ти да знаеш гледам ваква реакција тоа е тоа
СМ: Добро ок ајде ќе ја бркаме работата до далје а ја на Утка да има кој да му каже да си ја работи работата како што треба
ГЈ: Да умрам на Утка не му кревам телефон
СМ: Не не не и ја не му кревам ја да го видам не го познавам ама тој што ќе си ги команда ќе си ги среди и него и ќе работи како што треба
ГЈ: Не Драган си е сериозен човек, значи Драган ја му верувам по шо го знам озбилен човек е возрасен како да кажам не е
СМ: Ама Драган кога ќе му се јави другиот директор и знаеш како стварно е кушлус
ГЈ: Епа добро
СМ: Или ако му се јавиш ти како министер сстално е кушлус, затоа ти викам остај ја работата ќе ја бркаме ние
ГЈ: Ја љупчо се јавив и ама он веќе се јавил викам добро штом ти си ја терал работата терај
СМ: Важи
ГЈ: Иначе реална е ова странциве реагираат
СМ: Ја сега ќе им се јавам лично таму, ја веднаш се јавив сега ќе им се јавам со уште една насока ќе содржи и оној дел што се однесува на утка добро?
ГЈ: Гледам во Струга и Пешевски нешто реагирал па има официјална пријава до нас
СМ: Знам и он е кавгаџија сега ќе му се јавам
ГЈ: Ама изгледа баш не била ко што треба реакцијата по што биле двајца наблудувачи на избирачкото од вмро,
СМ: И?
ГЈ: Па еден смее сега како да ти кажам
СМ: Нели му верува членството од страна на Владо
ГЈ: Па од стртана наша на вмро еден требало да има ме разбираш
СМ: Добро и кој реагира
ГЈ: И Владо си реагирале си направиле нашите записник и ок си е покриено си е, само сакам да кажам не било голем скандал, не е нешто на сила да бил фатен
СМ: Па он пишал порака на премиерот, премиерот ми ја пребаци мене
ГЈ: ПРоверив Избирачкиот одбор реагирал дека имало двајца од вмро
СМ: Ок Горде стигнаа гостите ке треба со нив сега
ГЈ: Ок ајде

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=FxArzx-udeY[/youtube]